Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала неидентификуван проектил во Тихиот океан. Не се соопштени дополнителни детали, но Центарот за стратегиски меѓународни студии со седиште во Вашингтон истакна дека во реонот од каде е лансиран проектилот најверојатно се наоѓа базата за ракети со медиум опсег Родонг на источниот брег на Северна Кореја.
Тензиите на корејскиот полуостров се зголемија откако Северна Кореја лансираше неколку ракети, а операцијата ја надгледуваше лидерот на земјата Ким Џонг Ун.