Антикорупциска со истраги за Заев, Анѓушев и Манчевски

Премиерот Зоран Заев

Државната комисија за спречување на корупција отвори предмети за четири случаи поврзани со премиерот Зоран Заев додека бил градоначалник на Струмица. Предметите се однесуваат на изградбата на трговскиот центар „Глобал“, таканаречениот случај „Едно евро за Вицето“, како и за продажба ан касарна во Струмица и за бугарските фирми на Заев.

Антикорупциска отвори предмети и за набавката на лекови на веледрогеријата Пановски, како и за набавката на возила на градоначалникот на Струга, Рамиз Меркои на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и за продажбата на земјиштето спроти „Холидеј Ин“.

Отворен е и предмет против вицепремиерот Кочо Анѓушев за давање под закуп на градежно земјиште за изградба на хидроцентрала, како и за министерот Дамјан Манчевски за сомнежите во врска со грчките фирми, по објавувањето на прислушуван разговор.