Јункер: денешниот самит во Сибиу „клучен момент“ за ЕУ

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер оцени дека денешниот самитот на ЕУ во Сибиу Романија ќе биде „клучен момент“ за да се обезбеди обновена доверба во иднината на Унијата. Според него, за таа цел е неопходен, меѓу другото, модерен, фер и избалансиран предлог за следната повеќегодишна финансиска рамка на Унијата. Јункер ги повтори и за повиците до членките да го продолжат развојот на одбранбената способност на ЕУ, независно од НАТО и да и помогнат на Африка со инвестиции со цел спречување африкански имигранти да доаѓаат во Европа.