Европејците ги слават Денот на победата и Денот на Европа

илустрација

Во Европа денеска се одбележува 9 мај како Ден на победата над фашизмот во знак на сеќавање на крајот на Втората светска војна во 1945 година и Ден на Европа како почеток на создавањето на Европската унија пет години подоцна. Овие два значајна настана во историјата на Европа како и секоја година се одбележуваат со низа манифестации, а традиционално вратите на европските институции се отвораат за граѓаните.