Русија ќе им дозволи на полските истражувачи да ги испитаат остатоците од полскиот авион кој се урна во 2010 година при што загинаа претседателот на Полска Лех Качински и 95 други луѓе. Во денешното соопштение на руските власти се наведува дека им обезбеден пристап на полските власти на крајот на месецов на барање на Варшава.
При падот на авионот пред седум години во близина на рускиот град Смоленск загинаа Качински, неговата сопруга, високи воени претставници и други официјални лица. Тие патуваа на церемонија во чест на полските офицери кои биле убиени од советската тајна служба за време на Втората светска војна.
Во 2011 година истрагата на полската влада посочи дека се работело за грешка на пилотите, лошо водење од руските контролори и лоша видливост. Во друг извештај на руските експерти како виновници за падот се посочуваат само полските пилоти и наводно присуство на воен пилот во кабината.