Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи изјави дека земјата покажала исклучителна зрелост и подготвеност за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ и тоа, според него, не само со исклучителните успеси во решавањето на поголемите отворени прашања со соседите, туку и со интензитетот и квалитетот на спроведените реформи.
Османи по средбата со делегација на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Холандија порача и дека постои сериозен напредок во имплементацијата на реформите во сите клучни области дефинирани од страна на Европскиот совет минатата година, а притоа укажал и на успешно спроведените претседателски избори.
На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, биле отворени и темите поврзани со билатералната соработка меѓу двете земји.