Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека нема никакви поместувања во однос на разликите меѓу власта и опозицијата околу законот за јавно обвинителство. Таа по завршувањето на новата рунда разговори порача дека за Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија. Според неа, главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите.
Постигнување на договор за законот е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија. Следната средба на работните групи е закажана за в петок.