Папата ја заврши апостолската посета на Северна Македонија

Со екуменската и меѓурелигиска средба со младите и со верниците во Католичката црква во Скопје, попладнево заврши апостолската посета на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на Македонија.

„Кога некој не сонува, а особено тоа е млад човек, се исполнува со празнина, и безнадежност. Тоа е погрешен пат што треба да се избегнува. Секојдневните лични и општествени проблеми не треба да ве обесхрабруваат. Обидете се да мислите на вашите најголеми соништа“, им порача папата на младите во Католичката црква во Скопје.

Папата во текот дна денот имаше средба со државниот врв, ја посети спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје и одржа миса пред повеќе илјади граѓани на централниот плоштад во Скопје.

Посетата на папата е оценета како историска за Северна Македонија.