Папата Франциск ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Папата Франциск

Папата Франциск по средбата со државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно“ ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза. Папата со наведната глава се помоли пред споменикот на Мајка Тереза и положи цвеќе. Тој беше придружуван од четири чесни сестри кои и припаѓаат на редот што го основа Мајка Тереза.

Тој во спомен куќата на Мајка Тереза имаше средба со претставници на верските заедници во земјата и со група граѓани од ранливите категории. На средбата со папата присуствуваа поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и поглаварите на Исламската верска заедница Сулејман Ефенди Реџепи, на Евангелско-методистичката црква Михаил Цеков и на Еврејската заедница Берта Романо Николиќ.

Поглаварот на Римокатоличката црква потоа се упати кон плоштадот „Македонија“ каде ќе отслужи миса на која се очекува да присуствуваат голем број граѓани од државава и околните земји од регионот.