Бугарската православна црква против посетата на Папата

Поглаварот на Римокатоличката црква Франциск и патријархот Неофит, Софија, 05.05.2019.

Поглаварот на Римокатоличката црква Франциск вчера вечер во Софија претседавал со состанокот на кој биле припадници на различни верски заедници во Бугарија, но не и претставници на Бугарската православна црква. Оваа црква претходно соопшти дека нема да учествува на ниту еден настан на кој ќе биде папата во текот на дводневната посета на Бугарија иако нејзиниот лидер патријархот Неофит го поздрави папата по неговото пристигнување. На вчерашниот состанок биле лидерите на еврејската заедница, на протестантите, муслиманите и на Ерменската православна црква. Папата вчера посети и еден бегалски камп во Бугарија.