Света литургија на папата Франциск во Скопје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, Софија, Бугарија, 05.05.2019.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска во рамките на неговата прва посета на државава, ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Литургијата може да ја проследат само граѓаните кои имаат влезници, а пристапните влезови во литургискиот простор кон плоштадот ќе бидат отворени од 6 часот до 9 часот. Литургијата се очекува да заврши до 13 часот. Потоа папата во Спомен куќата на Света Мајка Тереза ќе се сретне со лидерите на верските заедници. Тој ќе се сретне со свештеници од Католичката црква и со нивните семејства, со младите од државава и од светот кои претходно се пријавиле и добиле влезница, како и со претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор. Папата по пристигнувањето на аеродромот во Скопје ќе се сретне со македонскиот државен врв.