Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател Стево Пендаровски ќе се одржи во недела на 12 мај. Пред народните избраници Пендаровски ќе даде свечена изјава со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата.
Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.