Министерот за култура Асаф Адеми денеска поднесе оставка од функцијата. Тој порача дека оставката ја најавил минатиот месец поради здравствени причини и неговото повлекување од функцијата не е поврзано со најавите на премиерот Зоран Заев за промени во Владата. Адеми истакна и дека неговото владеење било чесно и транспарентно и дека останува достапен за Антикорупциската комисија.