Изборите и 9 - тиот круг на пеколот - Вие коментирате

фотогалерија - изборен ден

Сè е наместено или некој не знае да прифати пораз. Кого чекаат сончеви денови, а кој ќе се вари во пеколот. Ова се вашите коментари на социјалните мрежи на Слободна Европа.

ФБ страницата на РСЕ буквално е преполна со ваши постови и коментари по победата на Стево Пендаровски на претседателските избори. Преовладуваат коментарите со позитивни чувства и искрени честитки, но, за да не биде „нарушена“ традицијата на непријателство и интер и интраетничка поделеност на граѓаните – има и навреди, црни предвидувања за државава и нескриено разочарување. Сашко Ристовски, на пример, постирал: „Сега поделба на Македонија, нема друг избор“. А Менче Ристова постирала: „Биди ми жива и здрава, сè е наместено, Горданче, само кратко е за нив“.

Видете и ова: Светски медиуми: победа на Пендаровски и на владините политики

Пораката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека власта сега ја чека политички пекол, Бранислава Личеноска ја коментира вака: „Па со тебе и Грујо секогаш бил пекол. Спремни бевте и да убивате и да прогласувате пуч за да не ја дадете власта... Се случи 27 април. Судиите кои вие ги избравте ќе ви пресудат. Е, за тоа беше борбата, за да не одговарате, а за ЕУ и НАТО баш ви е гајле“. Рашко Марковиќ вели: „Знаеш како јас ја толкувам оваа твоја состојба? Кога ќе паднеш во џбун со трње, колку повеќе мрдаш, толку повеќе се гребеш. Седи мирен мадро“. Хамза Идризи постирал: „Нас нè чекаат сончеви денови, а за вас можеби пеколни денови“, а Сабит Хасани го потсетува Мицкоски: „Сега нема кој да ве помилува, го нема повеќе Хорхе“. Но Самир Османи како да се плаши: „Сега само вмронот Фикус во претседателската палата да не се забарикадира и да не сака да излезе од таму и да направи нов државен преврат како на 27 април кога не ја даваа изгубената власт“. Васе Белазелкоска со подолг коментар: „За греота сте кога губите. Признајте си ги грешките направени во време на вашето владеење, реформирајте се, поддржете го членството во НАТО и ЕУ, извинете му се на народот за неправдите па после заканувајте се со пекол. Зашто вака вие сте деветтиот круг!“ Потпишани со Роки Балбоа и Тодоров Миа им забележуваат на Мицкоски и Силјановска што не биле подостоинствени па да му ја честитаат победата на Пендаровски, „и зашто ама баш во секоја ситуација и кога нема потреба се оди на ниска реторика“ – се прашува Тодоров Миа.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ слави, ВМРО - ДПМНЕ најави политички пекол

Ветувањето на премиерот Зоран Заев, откако му ја честиташе победата на Пендаровски, дека „со метлата ќе одиме по ред“, Бруно Морети вака ја коментира: „Од зборови прејди на дела! Народот би рекол: Живи биле па виделе! За метла има доста за чистење во судството, полицијата, во другите министерства, во партиите, како македонски така и албански!“ Но Ибан Цинцо Такев му порачува на премиерот првин „да се изметеш себеси... го пушти брат ти по ајдуклак Грујо да избега, па ти ќе кажуваш за метли...“