Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честиташе победата на новиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Столтенберг на Твитер напиша„ „Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам со вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО“. Австрискиот канцелар Себастијан Курц кој исто така преку Твитер му честиташе на Стево Пендаровски наведува: „Честитки за новозибраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски. Ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата земја на патот кон членство во ЕУ“.