Меѓународните набљудувачи на претседателските избори во Северна Македонија денеска во Скопје ќе одржат прес-конференција на која ќе ја кажат прелиминарната изборна оценка по вториот круг од изборите. Мисијата е заеднички потфат на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа. Меѓународната мисија за набљудување на изборите имаше околу 170 набљудувачи од 32 земји, вклучувајќи 156 долгорочни и краткорочни набљудувачи распоредени од ОДИХР, 11 пратеници и персонал од ПС на ОБСЕ и 5 од ПССЕ.