Заев Зоран и Стево Пендаровски знаат што ги чека, зошто без да им тежи тоа немаше да ги имаат киселите насмевки. Од денеска им почнува вистински политички пекол кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во Македонија, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Заев и Пендаровски ги чека вистински политички пекол што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше изборен инжинеринг“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ, споредено со СДСМ и Коалицијата, која ја нарече хотел коалиција, освоила најголем број гласови, а реалноста, според него, е дека ВМРО е најголема политичка сила во Македонија.
„Ни ги скратија финансиите, не уценуваа и се закануваа нам и на нашите блиски, ни го замрзнаа имотот на партијата, но ние работевме и дојдовме до близу 380.000 гласови“, рече Мицкоски.