Прво ќе почнеме во СДСМ, ќе влеземе во нашите редови. Некои од нашите луѓе се изморија, фиксираа доста гласачи да останат дома. Ќе почнеме со јавните претпријатија, акционерските друштва, Владата и министерствата, ќе одиме по ред. Се ова во функција на големина, доблест. Ние мора да го следиме, да му служиме верно и посветено на народот, рече премиерот Зоран Заев за најавеното „чистењеЌ во партијата и власта, по изборите на кои победи Стево пендаровски.
„Граѓаните ни испратија прецизна порака. Ќе ги корегираме нашите слабости“, додаде Заев.