Претседателот на Република Албанија, Илир Мета му го честиташе изборот на Стево Пендаровски за претседател на Македонија.
Мета во телефонскиот разговор со Пендаровски, честитајќи му го изборот, искажал убедување во одличната соработка во иднина, не само меѓу двете земји, туку и за зајакнување на евроатлантската перспектива на регионот.
Инаку, албанските медиуми во континуитет денеска известуваа за вториот круг од претседателските избори во земјава.
Посебен акцент ставија на мирната, фер и демократска атмосфера, а вечерва и за исполнетиот цензус и „клучната улога на Албанците во изборот на новиот претседател“.