Заблагодарувајќи им се на гласачите на македонски и на албански јазик, кадидатот на СДСМ за претседател на Северна македонија, Стево Пендаровски, прогласи победа и вети дека ќе им служи верно на сите граѓани.
„Денес победија граѓаните и свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот од изборите значи загарантиран пат напред за сите нас, во ЕУ, НАТО, во економски напредниот свет, онаму каде што припаѓаме. Овие се победа на заедништвото и порака дека само заедно може да се оди напред“, рече Пендаровски.
Тој рече дека ќе стои зад секој чесен граѓанин, дека ќе се залага за правна држава, економски напредок и дека ќе биде фактор на стабилност.
„Благодарение на сите вас кои направивте мрачното минато да остане зад нас. Донесовме мудра одлука за да одиме напред. Благодарам на премиерот Зоран заев за поддршаката, благодарам и за сите партии кои ме поддржаа. Благодардност и за противкандидатите Гордана Сиљановска и Блерим Река за учеството и придонесот во овие кристално чисти збори. И најголема благодарност за граѓанките и граѓаните на нашата држава“, додаде Пендаровски.
Тој рече дека ќе ја поддржува Владата кога прави позитивни потези, но ќе биде и најголемиот критичар.