Според над 98 проценти од преброените гласови победник на претседатеслките избори е кандидатот поддржан од владејачката коалиција Стево Пендаровски.
Според досегашните резултати тој доби околу 52 проценти од вкупно излезените гласачи, додека противкандидатката поддржана од опозицијата, Гордана Сиљановска Давкова, има скоро 45 отсто од излезените гласачи.
Според резултатите на ДИК, одзивот на изборите е 46,7 отсто, а од речиси 100 отсто од обработените избирачки места, Пендаровски освои околу 436 илјади гласови, а Сиљановска Давкова над 377 илјади гласови.Изборите поминаа мирно, со помали нерегуларсности, како што соопшти Државната изборна комисија.
Видете и ова: Што денеска очекуваа Пендаровски и Сиљановска - Давкова?„Денешниот изборен ден навистина помина навистина добро, мирно достоинствено, без поголеми нерегуларносто. На избирачките места не се пријавени нерегуларности“, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција.
Оваа победа е на мнозинството граѓани на Северна Македонија, независно од етничка и политичка припадност кои решија да одат заедно напред, изјави Пендаровски. Тој вети дека како претседател ќе се залага за правичност и правна држава, дека ќе биде фактор на стабилност, а не на кризи, „претседател од кој нема да се срамите“, рече Пендаровски.
„Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот на овие избори значи загарантиран пат напред кон ЕУ и НАТО“, рече Пендаровски кој им се заблагодари и на неговиоте противкандидати Сиљановска Давкова и Блерим Река.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова вечерва на прес-конференција изјави дека се чувствува чудно, бидејќи бројките говореле за пораз, но и оти истовремено се чувствува исполнето.
„Да добиете речиси 370 илајди гласови е голема благодарност, а истовремено да станете позната по улиците како Гога“, изјави Сиљановска Давкова.
Таа додаде дека ако се погледнат бројќите, треба да се направи преиспитување на однесувањето на власта, односно дека резултатот зборува за нејзино делегитимирање и наметнува потреба од разговори, преговори и за сериозно размислување за предвремени парламентарни избори.
Премиерот Зоран Заев му честиташе на Пендаровски за победата, при што изјави дека изборите биле успешни, фер и демократски.
„Имаме беспрекорно чисти избори во двата изборни круга. Севрна Македонија покажа врвни демократски капацитети, покажавме уште еднаш дека сме подготвени за Европа“, рече Заев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека Заев и Пендаровски од денеска знаат што ги чека, односно дека за нив почнува „вистински политички пекол“ кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека на изборите се случил тежок фалсификат и изборен инженеринг.
„Реалноста е следна: ако имаше парламентарни избори, партијата која ќе освоеше најмногу пратеници е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ освои одличен резултат“, изјави Мицкоски.
Видете и ова: Вториот круг и одѕивотПретходно, по завршувањето на гласањето СДСМ на прес-конференција соопшти дека изборите се успешни, фер и демократски со постигнат цензус.
Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски истакна оти очекуваат останатите учесници во изборнит процес да дадат признание за мирно спроведените демократски и слободни избори.
„Изборниот ден до самиот крај и по прогласувањето на резултатите да финишира во една ваква демократска атмосфера како изборниот ден, никој да не се обидува преку лажни вести и зимислици да бара алиби за евентуален непосакуван резултат на изборите“, рече Кирацовски.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопшти дека очекуваат победа на Силјановска Давкова, дека партијата се враќа на голема врата, но и дека забележале изборни нерегуларности.
Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев по затворањето на изборните места, изјави дека забележаните бројни нерегулраности укажуваат на изборен инженеринг на власта
„И во првиот дел од кампањата имаше одредени девијантни појави на власта меѓутоа тие ескалираа во вториот изборен круг“, изјави Јанушев.
ДУИ по завршување на гласањето соопшти дека се задоволни од придонесот на партијата во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт. Оттаму истакнаа дека успешниот процес е извонреден резултат, успешно завршен и во согласност со европските стандарди.
Јавниот обвинител и претседател на Комисијата за следење на изборни нерегуларниост поврзани со изборите, Џелал Бајрами, изјави дека изборниот ден поминал во најдобар ред, со исклучок на еден настан пријавен на територија на Вишо јавно обвинителство Гостивар.