Од информациите кои ни пристигнуваат од локалните штабови на Алтернатива, претседателските избори, како во првиот, така и во вториот круг, беа коректни, праведни и не се забележани инциденти, кои можеа да му наштетат на кредибилноста на изборниот процес, изјави Африм Гаши претседател на Алтернатива.
„Државата, овој пат, го положи испитот на демократската зрелост, а овој процес беше еден вид потврда дека оваа влада има капацитети да организира праведни и уредни избори, за кои веруваме дека ќе бидат вреднувани и од релевантните меѓународни институции и ова ќе се валоризира и во одредување на датумот за отворање на преговорите за членство во ЕУ“, рече Гаши и му ја честиташе победата на Стево Пендаровски на изборите за претседател на државата.