Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ нека не бара изговори за поразот

Првичните тенденции останаа и заедничкиот наш кандидат за претседател Стево пендаровски има стабилно и сигурно водство, изјави вечерва портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, два часа по завршувањето на гласањето за претседател на државата.

Тој рече дека се надева оти Стево Пендаровски ќе победи и дека ќе биде назначен за претседател.

„Пендаровски води пред Сиљановска со над 30.000 гласови. Граѓаните ја одбраа опцијата која води напред, кон напредок, кон НАТО и ЕУ. Ги повикувам од ВМРО-ДПМНЕ да не бараат изговори за поразот“, рече Костадинов.