Спасовски: Мирен изборен ден со неколку неправилности

Министерот Оливер Спасовски

Евидентирани неколку случаи на прекршување на изборниот процес, но имавме мирен изборен ден, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој ги пофали граѓаните за успешно спроведените избори.

„Граѓаните ја покажаа својата зрелост, им честитам. Јас се заблагодарувам на сите претставници на МВР, кои овозможија целиот изборен процес да се спроведе мирно и безбедно“, рече Спасовски, додавајќи дека се евидентирани неколку случаи на прекршување на изборниот процес.