Граѓанската асоцијација Мост, од 17 до 19 часот, забележала изборни нерегуларности на две гласачки места.
Според Мост, на гласачкото место 2659 во општина Кисела Вода гласач го фотографирал гласачкото ливче, при што реагирал изборниот одбор и била повикана полиција. Гласачкото ливче било поништено, а гласањето било прекинато во период од 15 минути.
„На гласачкото место 0506/1 во гостиварско Чегране, 13 гласачи не биле проверени со УВ-ламба, 8 гласачи не биле обележани со спреј, а биле забележани и 4 случаи на семејно гласање“, соопштија од Мост.