Крива Паланка е општината со најголема излезност до 18:30 часот во вториот круг на претседателските избори, каде што на гласање излегоа 70,35 отсто од гласачите. Во Демир Капија излезноста е 68,45 отсто, а во Демир Хисар 68,12 проценти.
Најмала излезност има во Желино, каде што гласале 15,42 отсто од запишаните избирачи. Во Боговиње гласале 16,11 отсто, а во Центар Жупа 17,47 проценти.
Излезноста на ниво на Македонија до 18:30 часот е 44,53 проценти.