Македонски Брод, Крива Паланка, Демир Капија и Демир Хисар со излезност над 60 проценти до 17 часот

Избирачко место во вториот од претседателските избори 2019

Најголема излезност во вториот круг од претседателските избори до 17 часот има во Македонски Брод, каде што на гласање излегле 61,29 отсто од запишаните избирачи. Над 60 отсто излезност има уште во Крива Паланка со 61,28 отсто, Демир Хисар со 60,4 и Демир Капија со 60,28 проценти одѕив.

Најмала излезност има во Желино, каде што до 17 часот на гласање излегле 12,42 отсто од регистрираните избирачи. Помалку од 20 отсто од избирачите излегле уште во Боговиње со 14,04 отсто, Центар Жупа со 15,57 отсто Врапчиште со 15,83 отсто, Теарце со 19,57 отсто, Гостивар 19,59 отсто и Липково со 19,94 отсто.

Најголема излезност од скопските општини има во Карпош каде што до 17 часот гласале 47,74 отсто од избирачите, а најмала во Сарај каде што на гласање излегле 22,49 отсто од регистрираните избирачи.