Излезноста во вториот круг од претседателските избори до 17 часот изнесува 38,23 отсто, соопшти Државната комисија попладнево. Според Комисијата, гласањето се одвива мирно и без поголеми нарушувања на изборниот тек.
До 17 часот гласале над 680.000 граѓани со право на глас.
„Очигледно е дека ќе биде надминат потребниот цензус“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Во Аеродром гласале 45 отсто од гласачите, Битола 45,50, Богданци 49,98 отсто, во Валандово 51 отсто, 57 отсто во Вевчани. Во Арачиново гласале 26,18 отсто од гласачите, во Боговиње 14 отсто, во Врапчиште 15 отсто, а во Гостивар 19 отсто. Најголем одѕив има во Македонски Брод и Крива Паланка - 61 отсто, Демир Капија и Демир Хисар – 60,28 отсто и во Крушево – 59,68 отсто.