Најголема излезност во вториот круг од претседателските избори до 15 часот има во Крива Паланка, каде што на гласање излегле 52,61 отсто од регистрираните избирачи. Најмала излезност, пак, има во Општина Желино, каде што на гласање излегле 9,03 отсто од регистрираните избирачи.
Во првиот круг, во Крива Паланка до 15 часот на гласање излегле 47,22 проценти од регистрираните избирачи, додека во Желино во истиот период гласале 10,06 отсто од гласачите.
Во скопските општини, најголема излезност до 15 часот има во Центар, каде што гласале 39,29 отсто од избирачите, а најмала во Сарај, каде што гласале 16,55 отсто од регистрираните избирачи.
Во првиот круг, во истиот период во Центар на гласање излегле 37,56 отсто од гласачите, а во Сарај 13,15 отсто од избирачите.
Излезноста на ниво на Македонија до 15 часот сега е 30,13 отсто, а во првиот круг била 28,2 отсто.