Излезноста во вториот круг од претседателските избори до 15 часот изнесува 30,3 отсто, соопшти Државната изборна комисија на денешната прес-конференција.
Како што соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, обработени биле речиси 99 отсто од гласовите, а гласале 539.882 граѓани со право на глас.
Најмногу гласачи излегле во градовите од источниот дел од Македонија - Крива Паланка, Берово, Пехчево, Кратово… додека излезноста во гостиварско и тетовско е најмала.
Во првиот круг излезноста до 15 часот изнесуваше 28,2 отсто.