Во Скопје највисока излезност во Центар, најниска во Сарај

Гласање во втор круг од претседателските избори 2019 година

Најголема излезност во Скопје до 13 часот, според податоците на ДИК, има во општина Центар каде гласале 27,27 отсто. На втората позиција по излезност е Аеродром со 26,16 проценти, а веднаш зад неа е и општина Кисела Вода каде гласале 25,92 отсто од избирачите.

Поголема излезност од забележаната на ниво на цела држава или над 20 проценти има и во општините Ѓорче Петров со 24,5 отсто, потоа Гази Баба со 22,84 проценти и Бутел со 21,75 отсто.

Под границата се наоѓаат Чучер Сандево со излезност од 16,59 отсто, по неа следи Шуто Оризари со 12,69 проценти и Чаир со 11,9 проценти, а на последното место е Сарај, која е единствената општина каде гласале помалку од 10 отсто од запишаните избирачи или само 9,07 проценти.