Меѓународни набљудувачи на гласачките места, првична оценка утре

Шефицата на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер, по посетата на гласачкото место во населба Драчево изјави дека од ОБСЕ се свесни за цензусот од 40 отсто што треба да се исполни за овие избори да бидат валидни. За таа цел ОДИХР повеќепати во минатото даде препорака овој цензус да се тргне, изјави Јонкер.

Таа рече дека 170 набљудувачи се распоредени денеска низ земјава, и оти Мисијата е тука за да види дали изборите се спроведуваат согласно меѓународните стандарди за избори.

„Самиот ден на изборите е врвот на ледениот брег, ќе треба да чекаме
до крајот на денот за крајна оценка“, рече Јонкер.

Меѓународните набљудувачи на претседателските избори во земјава ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци за вториот круг од изборите утре на прес-конференција.