МВР не регистрирало никакви проблеми во гласањето

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски изјави дека во текот на денешното гласање од вториот круг на претседателските избори, до 12 часот, нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир. Гласањето се одвива мирно и без проблеми, изјави тој на денешната прес конференција.

МВР апелира граѓаните и во преостанатиот дел од денот, на мирен и достоинствен начин, да го искористат своето гласачко право.