До 10 часот во рамките на општина Тетово гласале 2,35% или 1961 од вкупно 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во првиот круг излезноста до истиот период, односно три часа по отворањето беше 3,58 %.
До 10 часот во Желино гласале 1,20 %, за разлика од првиот круг кога имаше 1,82%. Во Боговиње 1,31 % од граѓаните во избирачкиот список гласале во вториот круг, а на 21 април имаше излезност од 1,78 % до 10 часот.
Општинската изборна комисија во Брвеница бележи најголема излезност до 10 часот во тетовскиот регион. Гласале 3,31 % или 506 жители од регистрирани 15.268 граѓани. Сепак и таму е помалку од првиот круг кога имало 3,68% излезност.
Во Јегуновце до 10 часот гласале 3,13 % или 318 лица од 10.171 гласач. Во првиот круг имало 4,1 % излезност. Општина Теарце бележи 1,57 % или 347 граѓани од 22.116 гласачи, додека во првиот круг имало 2,8 %.
Во шесте општини на тетовскиот регион можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас.