Во општина Дебар сите 27 избирачки места се отворени навреме и изборниот процес минува без проблеми. Сопоред секретарот на Општинската изборна комисија Али Реџа до 10 часот гласале 239 лица од вкупно 18.574 гласачи, или 1,3 проценти. Рерџа нагласува дека во општина Дебар по традиција најголем број на граѓани гласаат попладне. Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК Ерхан Зубер, до 10 часот на гласање излегле 2 процента или вкупно 1124 гласачи, додека пак во општина Маврово – Ростуше, според секретарката на ОИК Букурије Бекири до 10 часот гласале 260 лица или 2 процента од вкупниот број гласачи.