ДИК- До 10 часот гласале 6,31 отсто од гласачите

ДИК прес конференција за претседателските избори 2019

Излезноста на вториот круг од претседателските избори до 10 часот, според Државната изборна комисијата изнесува 6,31 процент. Но тоа е од обработени податоци од 88,10 проценти од избирачки места.

Највисока излезност има во Крива Паланка 14,91 проценти, потоа во Демир Капија 13,24 проценти, во Кратово гласале 12,46 отсто од гласачите, во Берово 11,06 проценти. Најниска излезност има во Врапчиште 1,16 проценти, потоа во Дебар, 1,29 отстои и во Боговиње 1,31 проценти.

За локалните избори во Ново Село и во Охрид, пак од обработени 99,08 проценти од податоците, излезноста во Ново Село е 10,05 проценти, а во Охрид, 5,59 проценти.

Од ДИК велат дека граѓаните може да поднесат приговори за гласањето на лице место во избирачките одбори или на веб страницата на ДИК. Досега нема приговори. Отворени се сите гласачки места и гласањето се одвива без проблеми.