Пријавување повреда на избирачко право и кај Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека нивната канцеларија денеска ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на Претседателските избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје или преку телефонски број 02-3119-073. Хелсиншкиот комитет наведува и дека ги гарантира тајноста и неповредливоста на личните податоци и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од граѓаните што ја пријавиле повредата.