МОСТ: досега без забележани неправилности во гласањето

МОСТ лого

Гласачките места во вториот круг од претседателските избори се отворени на време и не се забележани неправилности во досегашното спроведување на гласањето. Ова се информациите на набљудувачите и регионалните координатори на Граѓанската адоцијација МОСТ кои се распоредени на гласачките места. Граѓанската асоцијација МОСТ, како што беше соопштено на денешната прва прес-конференција, го следи гласањето со повеќе од 1.500 набљудувачи.На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33 отсто од вкупниот број гласачки места во Република Северна Македонија.