Вчера во 32 дипломатско-конзуларни претставништа своето гласачко право на шестите преседателски избори го искористиле 724 гласачи, односно 46,16 отсто од пријавените 1.781 гласач. Се уште се отворени шест гласачки места во САД и Канада, каде гласањето трае до 19 часот според временската зона на земјата каде се гласа.
Како што соопшти портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска, најголема излезеност до 19 часот има во Букурешт со 64,29 отсто, Сараево со 78,57 отсто, Брисел 63,27 отсто, Берлин 63,16, додека најниска излезеност е забележано во Рим 28 отсто и Абу Даби 20 отсто. Во 13 казнено-поправните установи од 1.640 гласачи своето гласачко право го оствариле 74,13 отсто од запишаните.