Денеска е изборен молк, гласаат затвореници и немоќни лица

Претседалески избори во Северна Македонија.

На полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од претседателските избори и за предвремените локални избори во општините Охрид и Ново Село, со што започна изборниот молк.

На ден пред изборите, денеска своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 4.540 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 избирачки места во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.

Изборите ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности младинска нтеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Светски македонски конгрес Скопје, Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ.

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија.