За тоа дали преговорите за членство во ЕУ ќе се отварат во јуни или во септември годинава, портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, изјави дека пред само неколку недели високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, јасно кажале дека целта на Европската комисија е да ги отвори преговорите за пристапување на земјата, но нагласи дека важно е, покрај историските достигнувања на Преспанскиот договор, Северна Македонија и натаму да ги спроведува потребните реформи како за земјата така и за европската интеграција.
„Комисијата го подготвува својот годишен извештај и ќе го претстави на крајот на пролетта. Овој извештај ќе послужи како основа за донесување одлуки од страна на земјите-членки на Европската унија. Важно е, покрај историските достигнувања на Преспанскиот договор, Северна Македонија и натаму да ги спроведува потребните реформи за земјата и за европската интеграција“, рече Кочијанчиќ во интервју за ТВ Клан М.