Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски стои на располагање за сите детали кои се поврзани со истрагата на Државната комисија за спречување на корупција.
Воедно од партијата ја повикуваат комисијата, како што наведуваат, со истиот жар, ентузијазам и експедитивност да ги испитаат, според нив коруптивните дејствија на премиерот Зоран Заев и неговите соработници.
ДКСК отвори два предмети против Мицкоски кои се однесуваат на добивање на земјиште за изградба на хидроцентрали и неговото назначување за директор на АД ЕЛЕМ додека истовремено бил советник за енергетика на тогашниот премиер Никола Груевски.