Докторот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели било на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници.
Кај бебето претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано, но како што наведе Микиќ, имало тешка пневмонија и мозочно крварење. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега.