Фејсбук ги блокира екстремните десничари во САД

Логото на Фејсбук

Фејсбук се соочува со притисок да се справи со омразата и нетрпеливоста од страна на екстремно десничарските американски политичари за прекршување на забраната за „опасни поединци“, соопшти социјалната мрежа. Меѓу профилите кои се отстранети е и профилот на Алекс Џонс и неговата интернет страница Infowars која често објавува теории на заговор.

Фејбук исто така го забрани и профилот на Пол Нилен, кој се залага за доминација на белците и се кандидираше за место во Конгресот минатата година, како и лидерот на Нацијата на исламот, Луис Фаракхан, кој ги нарече Евреите термити. Компанијата соопшти дека ќе ги отстранува сите профили, страници и групи кои се поврзуваат со такви личности и на Фејсбук и на Инстаграм.