На Инфективната клиника во Скопје има четири пациенти во тешка состојба поради компликации од морбили. Со компликации се една 16-годишната пациентка која е со церебрална парализа со пневмонија како компликација од морбили, уште едно дете и двајца возрасни, информираат од оваа јавна здравствена установа.
Во изминатите 24 часа се прегледани девет пациенти и сите се хоспитализирани, од нив осум биле невакцинирани, а еден со непознат вакцинален статус.
На Клиниката има 46 пациенти од кои 28 се возрасни и 18 деца.