Нема да се запишуваат првачиња кои не се вакцинирани

Вакцинирање за морбили на вакцинален пункт во Скопје

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави денеска дека нема да се отстапува од донесените мерки по прогласената епидимија од морбили и оти во прво одделение нема да можат да се запишат деца кои не се вакцинирани.

Тој информира дека теренската вакцинација на Министерството за здравство се спроведува според планираната динамика и оти во тие активности има координација со Министерството за образование.

Истовремено потенцираше дека основното образование е задолжително и оти децата треба и ќе одат на училиште.