Мицотакис: Договорот за името проблематичен за Грција

Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Киријакос Мицотакис

Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Киријакос Мицотакис изјави дека доколку неговата партија дојде на власт ќе се бори за “ублажување“ на последиците од Преспанскиот договор.

Тој во интервју за белгискиот весник “Ле Соар“ посочи дека договорот со Северна Македонија е “екстремно проблематичен за Грција“ затоа што “меѓу другото тој го признава македонски јазик и македонска националност“. Според него, со тоа се потхранува иредентизмот и национализмот во чувствителниот балкански регион.