Американскиот државен секретар Мајк Помпео во наредната недела ќе посети неколку европски земји. Тој меѓу другото треба да ги посети Финска, Германија и Британија. Најавено е Помпео да има средби со германската канцеларка Ангела меркел и со британската премиерка Тереза Меј, а оти главни теми на разговорите ќе бидат Русија, Кина и Сирија.