Протести во два града во Казахстан се одржаа денеска на кои се повика на ослободување на политичките затвореници и на бојкот на претстојните претседателски избори.
Во Алмати, најголемиот град во земјата демонстрантите извикуваа слогани „Срамота“, „Бојкот“, „Јас имам избор“ и „Слобода за политичките затвореници“. Во главниот град Астана демонстрантите упатија слични повици.
Во Казахстан на 9 јуни ќе се одржат избори по оставката во март на претседателот Нурсултан Назарбаев кој беше на власт од независноста на земјата во 1991 година.