Зеленски и официјално прогласен за победник на изборите во Украина

Володимир Зеленски

Централна изборна комисија во Украина денеска и официјално го прогласи Володимир Зеленски за победник на претседателските избори, соопштувајќи ги крајните резултати.

Според комисијата, Зеленски освоил 13 541 528 гласови или повеќе од 73 отсто, а за неговиот противник Петро Поршенко гласале 4 552 450 избирачи или помалку од 25 проценти.

На гласањето излегле 61,37 отсто од избирачите, а до комисијата не стигнале поголеми поплаки кои би го нарушиле изборниот резултат. Инаугурацијата на Зеленски се очекува да биде на почетокот на јуни.